Connect with us

Фудбал

Руни доби отказ во Бирмингем

Познатиот англиски репрезентативец Вејн Руни доби отказ во Бирмингем.

По само 83 дена Руни доби отказ и тоа само еден ден по поразот од Лидс со 3:0. Самите навивачи скандираа Руни да си замине и бараа да биде отпуштен.

– Фудбалот е работа на резултати и разбирам дека тие не беа на нивото на кое би сакал да бидат – изјави Руни.

Како менаџер, Руни работеше во Дерби и ДЦ Јунајтед, а во Бирмингем дојде на почетокот на сезоната, но раководеше со клубот само 15 натпревари. А за тоа време забележа само две победи со дури девет порази.