Фудбал
САД и Бразил закажаа преглед пред Копа Америка

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави ќе одигра пријателски натпревар против Бразил на 12 јуни во Орландо, пред почетокот на Копа Америка.
Натпреварот, објавен денеска, ќе се одигра четири дена откако САД и гостуваат на Колумбија во Мериленд.
Репрезентацијата на САД, која е домаќин на турнирот, го отвора Купот на Америка против Боливија, потоа ќе игра против Панама, додека групната фаза ќе ја заврши со натпреварот против Уругвај.
Бразил на почетокот на турнирот ќе игра со Костарика или Хондурас, во второто коло ќе се соочи со Парагвај, додека во последното ќе игра против Колумбија.
Копа Америка е на програмата од 20 јуни до 14 јули, а титулата ќе ја брани Аргентина.