Фудбал
Сар останува во Тотенхем до 2030 година!

Како што потврди во вторникот Тотенхем, Пепе Матар Сар го продолжи договорот со лондонскиот клуб до 2030 година.
Едно од најинтересните „откритија“ сезонава, Сенегалецот Пепе Матар Сар му се обврза на Тотенхем во следните шест години.
Во првиот тим влезе по доаѓањето на Ангелос Постекоглу. Тој се појави на 18 од 20 натпревари, а на 16 беше стартер.
Committing his future to Spurs 🤍
After @papematarsarr15 signed a new contract with the Club until 2030, relive his best moments from the campaign so far! 🍿
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) January 2, 2024
Првиот гол за Спарс го постигна во август, во победата против Манчестер Јунајтед, а ја погоди мрежата и во победата над Бурнмаут на самиот крај од претходната година.
Тој минатата сезона пристигна во Тотенхем од Мец, а оттогаш одигра 33 натпревари во сите натпреварувања.