Connect with us

Фудбал

“Се надевам дека ПСЖ ќе го продаде Нејмар или Мбапе за да ни биде послено”

Црвената Звезда во Лигата на шампионите во гурпа ќе биде со ПСЖ, Ливерпул и Наполи, што е веројатно најтешката група што би можеле да ја добијат.

Сепак, самиот пласман во групната фаза од Лигата на шампионите е огромен резултат за Белград, така што не постои разочарување поради тешките противници.

“Немаше лесна група, освен онаа во која се Локомотивата, Порто, Шалке и Галатасарај. Но, искрено, не ја сакав таа група. Мислам дека е подобро вака, не чекаат три спектакуларни натпревари во Белград. Луѓето ќе бидат во можност да уживаат, живеевме за ова и еве ја дочекавме Лигата на Шампионите “, рече генералниот менаџер на Звезда, Звездан Терзиќ, кој додаде:

“Трансфер периодот е сеуште во тек, па се надевам дека ПСЖ ќе го продаде Нејмар или Мбапе во петокот за да биде малку полесно”.

Терзиќ, исто така, најави голем засилување за Лигата на шампионите.

“Се надеваме дека до петок ќе завршиме се околу Боакје, за да можеме да подобро да се носиме со овие фудбалски великани. Според мене, ПСЖ и Ливерпул се фаворити за титулата европски шампиони оваа сезона”, истакна Терзиќ.