Connect with us

Други спортови

Се откажа од тенисот поради големите гради, но по осум месеци се врати на теренот (ФОТО)

Американската тенисерка Аманда Анисимова ги шокираше фановите пред осум месеци кога објави дека ќе паузира на неодредено време од спортот, наведувајќи ја загриженоста за сопственото ментално здравје.

Таа често беше малтретирана на социјалните мрежи, а постојаните коментари за нејзините бујни гради и се „преку глава“.

„Навистина се борам со моето ментално здравје, стана неподносливо да се биде на тениски турнири. Се трудам колку што можам да го пребродам ова. Ќе ми недостига тенисот и ќе ја ценам поддршката што ја добивам“, напиша таа во тоа време на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Kay Victoria (@amandaanisimova)

Но, на почетокот на новата година (2024) таа се врати на најдобар можен начин. Американката се појави на турнирот „ACB Classic“ во Нов Зеланд каде во првото коло ја победи Анастасија Пављученкова.

„Пораснав и созреав многу во последната година во начинот на кој сакам да се подготвувам, мојот стил на тренинзи, правејќи се на вистински начин. Давам се од себе, сериозно го сфаќам закрепнувањето, сакам да го правам моето најдобро секој ден“ , откри среќната Анисимова.