Connect with us

Фудбал

Се подготвува големо засилување во Мадрид – Реал задржа клучен играч!

За тој клуб и следната сезона ќе настапува фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос.

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо напиша дека Германецот договорил се со Реал и дека потпишувањето на нов едногодишен договор е само формалност.

Крос (34) пред неколку години изјави дека ќе се повлече од Реал и фудбалот кога ќе биде во својот врв.

Тони Крос пред точно десет години од Баерн пристигна во Реал Мадрид со кој освои четири ЛШ, додека три пати беше шампион на Шпанија.

Со Лука Модриќ со години го формираше најдобриот светски тандем играчи од средниот ред, а оваа сезона покажа дека може да се носи со новите надежи како Белингем, Камавинга, Чуамени и Валверде.

Реал се уште не може без него и затоа овој потег е повеќе од очекуван.

Овој фудбалер пред Европското првенство се врати во германската репрезентација од која се повлече пред три години и беше еден од најдобрите поединци во победите против Франција и Холандија во претходните неколку дена.

Со германската селекција беше светски првак во 2014 година, а од 14 јуни на домашен терен тргнува кон европската титула.