Connect with us

Други спортови

Серена Вилијамс: Нема да биде лесно против Венус

Американската тенисерка Серена Вилијамс се избори за пласман во 3. коло од Ју Ес Опен.

Рано утрово по наше време Серена ја совлада Керин Витхоефт, а воедно со овој триумф закажа двобој против својата сестра Венус.

Серена е свесна дека нема да му биде ниту малку лесно во овој дуел.

„Мечот против Венус ќе биде исклучително тежок за мене. Но, го извлекуваме најдоброто една од друга. Тоа го правевме и претходно, а тоа ќе го направиме и сега“, рече Серена, па кратко се осврна и на победата.

„Сервирав навистина добро, дури и во моментите кога сум била „скршена“. Тоа го рече и мојот тренер“.

Ова ќе биде јубиларен 30. дуел на сестрите Вилијамс.