Connect with us

Фудбал

Серхи Роберто знае каде сака да ја продолжи кариерата по Барса

Капитенот на Барселона, Серхи Роберто е свесен дека последните месеци во неговиот матичен клуб се одбројуваат.

Според последните информации, и покрај профитабилната понуда од Саудиска Арабија, Серхи Роберто нема намера да оди на Исток. Го привлекува животот во Америка и се очекува да избере клуб од МЛС.

Роберто целата своја кариера ја помина во Барселона, а дебитираше под водство на Пеп Гвардиола во 2011 година.

Израсна во „Ла Масија“, со години е еден од капитените, а оваа сезона стана главен по заминувањето на Серхио Бускетс и Џорди Алба.

Тие се и во Америка, заедно со Лео Меси и Луис Суарез, кој знае, можеби Интер Мајами ќе го повика и Роберто.

Јасно е дека со заминувањето на Чави нема повеќе место за Роберто и дека како што стојат работите тој ќе замине во Америка.