Connect with us

Фудбал

Серхио Рамос се огласи на Твитер по повредата на Шо

Левиот бек на репрезентацијата на Англија, Лук Шо, минатата ноќ заврши во болница по судирот со Даниел Карвавал за време на натпреварот од Лигата на нациите против Шпанија.

Шо се судри со шпански играч, по што остана да лежи на теренот затоа што изгубил свест, а за среќа, медицинскиот тим одговорил експресно, но играчот на Англија не можел да го продолжи натпреварот. Тој бил префрлен во болница и според првите информации бил свесен за сè што се случило, за среќа, не бил сериозно повреден.

По ужасниот момент што се случи минатата ноќ на Вембли, многу фудбалери испратија пораки за поддршка на Шо. Меѓу првите беше и капитенот на шпанската репрезентација, Серхио Рамос, кој преку Твитер му посака брзо закрепнување за играчот на Манчестер Јунајтед.