Connect with us

Фудбал

Шевченко е новиот претседател на Фудбалскиот сојуз на Украина

Поранешниот играч на Милан и Челзи, Андриј Шевченко денеска е едногласно избран за претседател на Фудбалскиот сојуз на Украина.

Шевченко доби 93 од 94 можни гласови. Како делегат имал право на глас, но не го сторил тоа, стои во огласот.

Шевченко е најдобар стрелец на украинската фудбалска репрезентација со 48 гола на 111 натпревари, кои ги постигна од 1995 до 2012 година.

Освои бројни трофеи со Динамо Киев, Милан и Челзи, а во 2004 година ја освои Златната топка за најдобар фудбалер на светот.

Тој го замени Андриј Павелко на местото претседател на Фудбалскиот сојуз на Украина, кој на таа функција беше од 2015 година. На Павелко треба да му се суди во Украина како дел од долготрајниот правен спор околу наводите за проневера.

Шевченко ја водеше и Украина како селектор и пред три години ја предводеше оваа селекција до четвртфиналето на ЕП.