Connect with us

Фудбал

Симеоне носи Бразилец од Премиер лигата?

Атлетико Мадрид повеќе нема да го чека Марио Ермос и се врти кон цели на пазарот.

Според „Релев“, стоперот на Нотингем Форест Муриљо е голема желба на Диего Симеоне.

Станува збор за левоногиот 21-годишен стопер, кој сезонава е еден од најстандардните во Премиер лигата, бидејќи пропушти само три натпревари за „шумарите“.

Неговата пазарна вредност е околу 20 милиони евра, кои Атлетико е подготвен да ги плати доколку остане без Хермос.

Тој се уште не одлучил дали ќе ја прифати понудата да остане во клубот, а договорот му истекува на лето, па Симеоне не сака да остане без единствениот левоногиот стопер во тимот и затоа Муриљо.

Дополнителна придобивка за Атлетико е проблемот на Форест со финансискиот фер-плеј и фактот што имаат огромен број играчи под договор, близу 40.

Ако воопшто се случи Форест да испадне, што се уште не е исклучено, Муриљо би бил уште поблиску до Атлетико.