Фудбал
Сите детали: МРТ од вечерва започнува со емисија ЕУРОФОРИЈА, кои ќе бидат коментатори, ново студио…
Македонската телевизија на големо се подготвува за Европското првенство во фудбал (ЕУРО 2020) кое започнува за неколку денови, а Македонија е една од земјите учеснички.
Правата за емитување на натпреварите ги има МРТ и токму преку националниот сервис ќе ја бодриме нашата репрезентација.
Се подготвува ново, големо студио во кое ќе има одлични изненадувања и елементи кои ја следат најновата технологија, како и иновативен начин за презентирање на составите и формациите.
Вечерва од 12 часот ќе стартува специјализираната емисија која го носи името ЕУРОФОРИЈА, а гостин во студио ќе биде уредникот на спортската редакција на МРТ, Драган Николовски. Домажин вечера на емисијата ќе биде Горан Стерјов.
Емисијата ќе се емитува од студиото кое е подготивено за редакцијата на албански јазик, бидејќи студиото за МРТ1 се уште е во подготовка.
Сите натпревари имаат директен пренос, а термините се 15.00, 18.00 и 21.00 часот. Измеѓу преносите ќе се емитува и специјализираната емисија.
Оваа година преносот на Европското ќе биде олеснет бидејќи МРТ сега има и посебен канал на кој емитува само спортска програма.
Директните преноси ќе ги коментираат веќе добро познатите имиња од МРТ и спортската редакција, а нивна реприза ќе се емитува по полноќ во раните утрински часови.