Connect with us

Фудбал

Сити без Халанд гостува кај Брајтон

Манчестер Сити во четврток гостува кај Брајтон во одложениот натпревар од 29. коло, а Пеп Гвардиола на прес-конференцијата потврди дека нема да може да смета на Ерлинг Халанд.

„Ерлинг не е подготвен за утре“, изјави Гвардиола на новинарите на прес-конференција.

„Не сме премногу загрижени, не е ништо сериозно, но тој не е ослободен да игра утре“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.

Гвардиола додаде и дека Фил Фоден и Џон Стоунс ќе бидат подготвени за мечот со Брајтон.

По лудиот распоред во изминатите неколку недели, Сити имаше неколку дена за одмор пред продолжението на сезоната.

На прашањето дали ќе промени нешто и ќе ротира во тимот, Гвардиола беше јасен:

„Сите играчи заслужуваат да играат. Секој има свои фаворити кога е во прашање стартната постава, секој има своја комбинација. Имавме помалку од четири дена одмор од последниот натпревар“.