Connect with us

Фудбал

Следната тренерска бомба во Премиер лигата – Најголемиот „чудотворец“ во Европа!

Тренерот на Жирона, Мичел, би можел да биде првата мета на Њукасл во случај на разделба со Еди Хау!

Марка открива дека чудотворецот од Жирона е реална мета на управата на Њукасл, која ќе мора да анализира полоша ситуација од лани.

Навистина, повредите го осакатија Њукасл од почетокот на оваа сезона, но и покрај тоа, некои сметаат дека резултатите требало да бидат подобри. Њукасл испадна од Лигата на шампионите, иако во последното коло лесно можеше да остане барем во Лига Европа, додека во Премиер лигата се само деветти со дури девет порази од почетокот на сезоната и се доста далеку од нов пласман во елитното натпреварување.

Од друга страна, Мичел навистина направи импресивна работа во Жирона, поради која Шпанија и Европа зујат околу тоа.

Жирона и понатаму е на врвот на табелата со 45 бодови, исто колку и Реал Мадрид, па сонот за титулата е се уште жив.

Мичел во неколку наврати повтори дека нема шанси да ја напушти Жирона до крајот на сезоната и дека фантазира за историскиот пласман во Лигата на шампионите, што е единствената цел.

„Титулата? Нема да се залажуваме, бидејќи за тоа ни требаат 90 бода, па се уште веруваме дека Барселона, Реал Мадрид и Атлетико се главни кандидати. Нашиот сон е реален, а се вика Лига на шампиони. рече Мичел.

Сè на сè, Њукасл ќе ги следи неговите резултати до крајот на сезоната, но исто така ќе види дали Еди Хау може да ја извлече оваа сезона и да ги врати „Страчките“ на минатогодишното ниво.