Фудбал
Снајдер се прости од дресот на Холандија
Со 134 официјални одиграни натпревари во кои постигна 31 гол, еден од најдобрите холандски играчи во последните 10 години Весли Снајдер, се реши да стави крај на репрезентативната кариера.
Тој вчера на дуелот на Холандија против Перу, беше заменет во 62. минута, што беше негов последен настап во дресот на „Лалињата“ со кои дојде до второто место на Мундијалот во Јужна Африка 2010 година, и до третата позиција на СП во Бразил 2014 година.
„Уживав со секоја минута мината на теренот во дресот на Холандија. Ви благодарам”, истакна Снајдер.
Снајдер во моментов игра за Ал Гарафа од Катар, а во минатото беше дел од Ајакс, Реал Мадрид, а најзабележителните настапи ќе ги има во дресот на Интер со кого дојде до титулата Европски првак во 2010 година. Потоа играше за Галатасрај и за Ница.