Connect with us

Фудбал

Собослај споредува: Клоп беше 12-ти играч, сега сме посмирени

На денешен ден, 8 октомври 2015 година, Јирген Клоп стана менаџер на Ливерпул. Клоп го напушти клубот во летото 2024 година, откако го врати на своето место и освои се. И Премиер лигата за која се чекаше 30 години. Замина како вистински „шмек“ – водејќи го навивањето на Енфилд. Тој ден не се скандираше само неговото име, туку и името на новиот менаџер – Арне Слот.

А што вели еден од играчите кои Клоп ги донесе во Ливерпул, Доминик Собослај – кои се разликите помеѓу Клоп и Слот?

„Сега сме повеќе на топката“, е првата разлика што ја истакнува Собослај.

„Помирни сме. Играчите кои имаат многу квалитет сега имаат малку повеќе време да размислуваат за својот следен потег“, додава Унгарецот.


Со Јирген, во моментот кога ја освојувавме топката, веднаш тргавме кон голот и се обидувавме да постигнеме гол“. И даде резултати, работеше. Но сега разликата е во тоа што колку подолго остануваме на топката, помирни сме, играта ја градиме од последната линија“.

„Јирген беше нашиот 12-ти играч. Кога би можел, би истрчал на теренот и би играл сам. Новиот менаџер е посмирен. Тој знае дека имаме план и дека планот ќе функционира, вака или онака“, додаде на крајот.

Дека планот функционира, можеме да видиме од статистиката која вели дека Слот го забележа најуспешниот старт од сите менаџери на Ливерпул – на десет натпревари забележа девет победи.