Connect with us

Тајмаут

Сопругата на Даглас Луис: „Јас го правам истото како него, во ист дрес, за сто пати помалку пари“

Дали знаевте дека подобрата половина на Даглас Луиз е исто така фудбалерка, а игра за Јувентус?

Станува збор за убавата 25-годишна девојка, родена во Швајцарија, Алиша Леман, која во истото лето со Даглас Луиз се пресели од Астон Вила во Јувентус.

Таа дури е и редовен репрезентативец на Швајцарија, за кој досега одигра 55 натпревари и постигна девет голови.

Сепак, таа е во центарот на вниманието поради нејзината интересна изјава за Газета дело спорт.

„Јас ја работам истата работа како Даглас, дури играм за ист клуб, но заработувам точно сто пати помалку. Тоа не е фер. Тоа е нешто што ме погодува, а тоа е поради фактот што сум жена“, рече Алиша.

Инаку, таа претходно отворено кажа дека е бисексуална личност, претходно дури беше во отворена врска со соиграчката од репрезентацијата Рамона Бахман.

Таа стекна огромна популарност, а со преку 16 милиони следбеници на Инстаграм, таа е најследената фудбалерка во светот.