Connect with us

Други спортови

СП кошарка: Шпанија ја победи Србија за првото место, Кина остана без Олимпијада

Кошаркарите на Шпанија ја победија Србија со 81:69 во последниот меч од втората фаза на Светското првенство во Кина со што го освоија првото место во групата Ј и најверојатно го избегнаа евентуалниот дуел со селекцијата на САД во полуфиналето.

Шпанија со одлично одиграните втора и трета четвртина наспроти несфатливо незаинтересираните противнички кошаркари потполно ја разоружа досега непоразената Србија, која во третата делница остана и без исклучениот Никола Јокиќ. Шпанија во еден момент имаше и предност од 21 кош (63:42), а Србија пропушти неколку можности да направи серија и во последната четвртина предноста на Шпанците да ја намали на дофатливи осум поени.

Рики Рубио со 19 коша, 5 скокови и 4 асистенции беше најдобар играч во редовите на Шпанија, а Виктор Клавед додаде 14 поени со 7 скокови, додека Марк Гасол имаше 11 коша и по 6 асистенции и скокови. На Србија не ѝ помогна одличниот настап на Богдан Богдановиќ кој постигна 26 поени, со 10 асистенции и 6 скокови, бидејќи сите негови соиграчи беа под нивото на дуел со еден од фаворитите на турнирот.

Србија во четврфиналето ја очекува разиграната Аргентина во мечот за првото место во Групата И со убедливи 91:65 ја победи Полска, која сега ќе се соочи со Шпанија.

Аргентина до убедливата победа над Полска ја предводеше 40-годишниот Луси Скола со 21 кош и 6 скокови. Маркос Делиа додаде 12, а Николас Брусина 10 поени. Еј Џеј Слотер со 16 коша беше најдобар меѓу Полјаците.

Во натпреварите за разигрувањето од 17-то до 32-то место, Нигерија во групата М го надигра домаќинот Кина со 86:73 и се избори за пласман на Олимписките игри во Токио следната година како претставник на Африка. Азија, пак, во Токио ќе ја претставува Иран кој со 95:75 ги победи Филипини, и така поради подобрата кош-разлика ја мина Кина во борбата за олимпискиот турнир.

Прва место на Олимписките игри 2020-та обезбеди Австралија како претставник на Океанија, додека по нокаут фаата ќе биде познато кои две селекции ќе ја претставуваат Европа.

Уште во понеделникот место на Олимписките игри може да обезбедат САД и Аргентија, доколку американската селекција го победи Бразил кој во тој случај би останал без четвртфинале.

Извор: Нетпрес