Connect with us

Фудбал

Статистика: Ван Дајк најдобар во историјата на Премиер лигата

Многу одлични дефанзивци поминаа низ Премиер лигата и тешко е да се каже кој е најдобар на сите времиња.

 

Ако се погледне статистиката, тие велат дека капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиер лигата.

Беа споредени статистичките податоци на петте дефанзивци кои важат за најдобри, односно оние за кои можеше да се извлечат прецизни податоци, бидејќи деталната статистика во Премиер лигата почна да се следи дури во 2004 година.

Тие пет дефанзивци се Англичаните Џон Тери (Челзи, Астон Вила) и Рио Фердинанд (Вест Хем, Лидс Јунајтед, Манчестер Јунајтед), Србинот Немања Видиќ (Манчестер Јунајтед), Белгиецот Винсент Компани (Манчестер Сити) и Холанѓанецот Вирџил Ван Дијк (Саутемптон, Ливерпул).

Според тие параметри – воздушни дуели, дуели на земја и прецизни додавања – капитенот на Ливерпул е најдобар од сите споменати дефанзивци. Исто така, тој е единствениот играч кој се уште е активен.

Воздушни дуели:
1. Вирџил ван Дијк – 75,5%
2. Немања Видиќ – 73,5%
3. Џон Тери – 68,8%
4. Винсент Компани – 68,3%
5. Рио Фердинанд – 63,9%

Дуели на земја
1. Вирџил ван Дијк – 73,5%
2. Рио Фердинанд – 70,8%
3. Немања Видиќ – 69,7%
4. Џон Тери – 68,9%
5. Винсент Компани – 61,8%

Точни додавања
1. Вирџил ван Дијк – 88,8%
2. Џон Тери – 88,6%
3. Винсент Компани – 86,7%
4. Рио Фердинанд – 84,6%
5. Немања Видиќ – 83,4%