Фудбал
Светскиот фудбал загуби уште еден гигант – почина Франц Бекенбауер

Легендарниот германски фудбалер и тренер Франц Бекенбауер почина во неделата по долго боледување, на 79-годишна возраст.
Веста попладнево официјално ја соопшти семејството, а ја пренесе германскиот АРД. Бекенбауер важеше за еден од најдобрите играчи во историјата.
По смртта на неговиот син Стефан во 2015 година, претходните години имаше неколку операции на срцето, операција на колкот, проблеми со видот и на крајот Паркинсонова болест.
„Со длабока тага ве известуваме дека мојот сопруг и нашиот татко Франц Бекенбауер вчера, недела, мирно заспаа опкружени со неговото семејство. Ве молиме тагувајте во тишина и воздржете се од поставување прашања“, се вели во соопштението на семејството на германската легенда. Засега не се објавени деталите за погребот.
Бекенбауер го одбележа германскиот фудбал како никој друг за време на неговата блескава кариера. Како играч беше европски првак во 1972 година, а потоа и светски шампион (1974), за да ја освои светската титула како тренер (1990 година). Со Баерн Минхен освои се, дури 13 трофеи со Баварците во својата играчка кариера, меѓу кои четири титули во германскиот шампионат и три европски титули. Како тренер го предводеше Баерн до германското првенство во 1994 година, како и до трофејот и Купот на УЕФА две години подоцна.
Тој беше клучен човек во носењето на Светското првенство во 2006 година во Германија и е еден од тројцата играчи во историјата на фудбалот, заедно со Бразилецот Марио Загал, кој почина пред два дена, и Французинот Дидие Дешам, кои го освоија Светското првенство како играчи и менаџери.