Connect with us

Тајмаут

Телохранителите на Роналдо побара од фотографот да не го слика

Играчите на Јувентус минатата ноќ ја победија Парма со 2:1 во третото коло од италијанската Серија А.

Старата дама успеа да добие трета победа во новата сезона, иако Парма даваше многу добар отпор. Сепак, во центарот на вниманието по натпреварот беше Кристијано Роналдо кој повторно не успеа да постигне гол за новиот клуб.

Португалцот се обиде да стигне до првиот гол во новата сезона, но на крајот тој повторно не успеа. После натпреварот, новинарите го чекаа Роналдо во микс зоната и се обидоа да стигнат до негова изјава, но не успеаа бидејки се појави неговите телохранители.

Имено, тие побараа од фотографот да не го наслика Роналд и дека нема да застане бидејќи не е многу расположен. Исто така, кога Роналдо помина покрај новинарите, под неговото око можеше да се види голема модринка, а многумина не разбраа каде играчот на Јувентус доби удар.