Connect with us

Фудбал

Тен Хег му одговори на Роналдо: Секој може да има мислење

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг беше прашан за работите кои поранешниот ас на „црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо ги кажа за клубот, но и за него. На Холанѓанецот не му беше многу удобно да зборува за тоа.

Роналдо рече дека за градење клуб е потребно знаење и дека Тен Хаг може да успее ако го слуша Руд ван Нистелрој.

– Ако правилно ја прочитавте статијата, Роналдо рече дека Манчестер Јунајтед не може да ја освои Премиер лигата. Тој го кажа тоа. Роналдо е далеку во Саудиска Арабија. Секој може да има мислење, тоа е во ред – изјави Тен Хаг.

Критиките не доаѓаат само од Роналдо.

– Ќе даваме се од себе на секој натпревар. Ќе видиме до каде сме во мај. Знам каде сме, каде одиме и што треба да направиме. Како што кажав и претходно, се уште сме во преоден рок.

Репрезентативната пауза заврши, Премиер лигата продолжува, Лигата на Европа започнува. Холанѓанецот истакна дека новодојдениот Мануел Угарте е подготвен за натпреварот против Саутемптон, додека Хејлунд и Лук Шо се уште не се.

– Мануел Угарте играше за Уругвај, па ќе биде подготвен. Расмус Хејлунд и Лук Шо напредуваат добро, но нема да бидат во тимот за Саутемптон.