Фудбал
Тешки денови за легендата: Чави го израмни антирекордот во Барселона
Иако дојде до ситуација Барселона да биде на дното, а потоа да стане шампион на Шпанија, притисокот врз менаџерот Чави се зголемуваше од ден на ден, а поразот од Атлетик Билбао во Купот на Кралот не помина најдобро.
Чави израмни антирекорд на Барселона
Против Баскијците, Чави го призна 25-от пораз како тренер на Барса и израмни еден негативен рекорд.
Тој стана шпански тренер со најмногу порази на клупата на каталонскиот тим, претекнувајќи го Хуан Хозе Ногез, кој од февруари 1942 до јуни 1944 година исто така претрпе 25 порази. Разликата е во тоа што Ногез тие порази ги претрпе на само 83 натпревари, а Чави во 121.
Според многумина, поранешниот легендарен плејмејкер на Барса е жртва на лошата трансфер политика на клубот во минатото, која го оневозможуваше во составот да донесе играчи од светска класа и мора да се задоволи со тоа што му е на располагање.
Има и други мислења кои укажуваат дека тимот има неколку искусни ѕвезди и играчи на кои им претстои блескава иднина, но во моментов не можат да носат толку познат клуб како Барселона на раменици.