Фудбал
Титулата повторно се излизга – Артета: „Против Фулам го одигравме најлошиот натпревар во сезоната“

Фудбалерите на Арсенал вчера загубија со 2:1 на гостувањето кај Фулам во 20. коло од Премиер лигата, го врзаа вториот пораз и полека губат чекор во шампионската трка.
Арсенал сонува за титулата од 2004 година, минатата сезона долго време беше во трка со Манчестер Сити и остана „без сила“ во последната четвртина од сезоната.
Сега тука е Ливерпул, Астон Вила игра одлично, а Сити и понатаму е прв фаворит, па поразите од Вест Хем и Фулам за само три дена може скапо да го чинат тимот на Микел Артета.
„Ова беше нашиот најлош натпревар во сезоната. Бевме лигави со топката и не заслуживме да победиме. Имавме шанса да бидеме први на табелата на крајот од годината, но ја завршивме со лошо чувство. Но, тоа е фудбалот “, рече Артета по поразот од Фулам.