Connect with us

Фудбал

Трагедија во Палестина: Во бомбардирањето во Газа загина фудбалер со неговата сопругата и четирите деца

Страшната вест од Газа е потврдена. Едно семејство беше избришано од лицето на земјата.

Страшна и трагична вест ни доаѓа од Појасот Газа во Палестина.

Во новото бомбардирање на Израелците загинаа најмалку 40 лица.

Меѓу нив беше и Хамди Лубад, играч од средниот ред кој играше за Јармук.

Покрај него, во нападот загинаа и неговата сопруга и четирите деца.

Според новинарот Абубакар Абед, израелското бомбардирање било извршено од авион токму на станот во кој живеело ова семејство.


Од Палестина тврдат дека Лубад е дури 303. фудбалер кој загинал во бомбашки напади сите овие години.

Веројатно најпознатиот спортист кој загина во нападите на Израел на Палестина е поранешниот репрезентативец Мохамед Баракат.

Тој го загуби животот во еден од воздушните напади извршени во средината на март 2024 година, а од него се простија многу фудбалери со кои играше во текот на кариерата.

Потсетуваме, дури 40 лица загинаа, а 60 се повредени во израелски напад врз палестински камп на југот на Појасот Газа.