Connect with us

Фудбал

Требаше само да го потпише договорот, но излажа дека му ѕвони телефонот и побегна

Веројатно најлудата приказна во летниот преоден рок доаѓа од Турција, поточно од Бурсаспор кој на две годишна позајмица сакаше да го доведе искусниот полски репрезентативец Камил Гросицки. Овој 30-годишен фудбалер игра за Хал Сити, но клубот му ја одобри позајмицата во турската екипа и се изгледаше дека е завршено.

Гросицки пред неколку денови отпатува за Турција каде го дочекаа голем број навивачи на Бурсаспор. Полјакот не је криеше насмевката на лицето и изгледаше дека е среќен што кариерата ќе ја продолжи во овој клуб. Сепак никој не можеше ни да сонува што се случи на крајот.

Имено, Гросицки во четвртокот наутро отиде во тренинг центарот на Бурсаспор, а откако се запозна со идните соиграчи замина на лекарски прегледи. На лекарските прегледи се беше во најдобар ред и остана уште само Гросицки официјално да го потпише договорот со турскиот клуб.

Бурсаспор организираше официјално претставување, повика голем број на новинари во најавата за големото засилување, но сето тоа пропадна како на филм. Гросицки седна да го потпише договорот, а потоа му кажа на претседателот на клубот дека мора да излезе на неколку минути затоа што некој упорно ѕвонеше на неговиот телефон.

Кога Гросицки излезе да се “јави на телефон“ никој не ни помислувал на тоа што може да се случи. Сето ова траело повеќе од десет минути и веќе многумина почнаа да се прашуваат каде исчезна Полјакот. Отидоа да го побараат но од него немаше ниту трага, ниту глас.

Се обидоа и да го добијат на телефон, но не успеаа и на никој не му беше јасно што се случува. После еден час добиа информација дека Горицки седна во автомобилот и побегна, а потоа со авион тргна назад за Англија. Навистина е неверојатно колку постапи непрофесионално и безобразно искусниот фудбалер.