Connect with us

Фудбал

Тренерот на Сасуоло однапред запиша пораз од Јувентус

Во следната рунда од италијанскиот шампионат, Сасуоло ќе му гостува на Јувентус.

И едните и другите одлично ја отворија сезоната, тие се наоѓаат на самиот врв на табелата, но јасно е дека се освен победа на Јувентус во претстојната средба ќе биде изненадување.

Исто така за ова е свесен и тренерот на Сасуоло, Роберто де Зерби, кој зборувајки за клубот од Торино, однапред го забележа поразот.

“Јувентус моментално е најсилниот клуб во Италија и во Европа. Не знам како да се спречи тоа. Она што јас го знам, е дека мора да се надевате дека ќе имаат лош ден ако сакате позитивен резултат”, рече Де Зебри за „Corriere dello Sport“.

Сасуоло во моментов има два бода помалку од водечкиот Јувентус.