Connect with us

Фудбал

Три засилувања за Црвена Звезда пред стартот во ЛШ

Дебитантот во Лигата на шампионите, Црвена Звезда направи три големи трансфери на крајот од преодниот рок. Во Белград доаѓаат Ричмонд Боачи, Марко Марин и Горан Чаушиќ.

Боачи се враќа во старата средина само по шест месеци поминати во кинескиот Џангсу, Чаушиќ доаѓа од руски Арсенал, додека Марин доаѓа од Олимпијакос.

Тој го раскина договорот со грчкиот клуб и како слободен играч потпиша тригодишен договор со Црвена Звезда. Трансферот на Чаушиќ изнесува еден милион евра за три години, а на Боачи 1,5 милиони евра за две и пол години.

На овој начин белграѓани значајно се засилија пред почетокот на Лигата на шампионите и дуелот со Наполи на 18 септември на домашен терен. Во групата Ц уште се и Пари Сен Жермен и Ливерпул.