Connect with us

Фудбал

Тврдината на Артета, Лондон му припаѓа на Арсенал!

Во четвртото коло од Премиер лигата, екипата на Арсенал успеа да го совлада Тотенхем на гости во големото лондонско дерби, беше 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Габриел во вториот дел, по паузата.

Играта беше доста остра на двете страни, се играше претежно со посед на Тотенхем, Арсенал се бранеше брилијантно и на крајот – се одбрани, па слободно можеме да кажеме дека Микел Артета фантастично си ја заврши работата и го надмудри својот ривал на клупата на Тотенхем, Постекоглу.

Првото полувреме не изобилуваше со шанси, двајцата беа внимателни пред својот гол, но затоа се пукаше на средината на теренот. Судијата дележе картони како на шега, дури седум во првото полувреме, што е рекорд во Премиер лигата за првиот дел од еден натпревар во Премиер лигата.

Најзабележителен детал беше во 37. минута кога дојде до судир меѓу Тимбер и Викари, голманот на Тотенхем. Викарио мислеше дека играчот на Арсенал се однесува неспортски и го нападна, фаќајќи го за дрес, но играчите од двата тима брзо пристигнаа и го расчистија конфликтот.

Од полушансите може да се издвојат ударите на Кулушевски на стартот од натпреварот кога беше одбранет од Давид Раџа, како и ударот на Хаверц кога одлично реагираше Викарио.

И по паузата немаше многу шанси во првите 15 минути, а потоа во 64. минута Тотенхем постигна гол.

Букајо Сака испрати фантастичен центаршут од корнер, Габриел беше највисок во скокот и ја заби топката во мрежата за 0:1 !

Искинатиот дрес на Тросар е еден од доказите колку пукаше на средината на теренот, а Арсенал намерно се повлече. Често гледавме ситуации кога напаѓачите на гостите ќе бидат на 30 метри од својот гол, па беше јасно дека на Тотенхем ќе му биде тешка работа да го пробие „бункерот“.

Затоа Тотенхем изгледаше без знаење, Постекоглу мораше да оди на се или ништо во последните десет минути, па Вернер влезе наместо играчот од средниот ред Медисон, а Артета ги вметна Хесус и Стерлинг наместо Тросар и Мартинели, сакаше свежина во нападот за да му се закани на Тотенхем, гол од контра.

Сепак, практично ништо не се случуваше, домаќините кружеа и кружеа, секој центаршут што го испраќаа централните дефанзивци на Арсенал без проблем се решаваше во нивна корист, па резултатот остана 0:1.