Connect with us

Фудбал

Удар за Реал, офанзивецот надвор од терените до крајот на годината!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Браим Дијаз ќе мора да направи долга пауза!

Мароканецот заработи повреда во првото полувреме во победата над Реал Сосиедад, а денеска по прегледот беше утврдено дека ќе отсуствува подолго време.

По деталните прегледи, констатирана е тешка повреда на адукторот, поради што ќе биде надвор од терените до крајот на 2024 година.

Ова секако е проблем за Карло Анчелоти бидејќи Дијаз беше од големо значење во ротацијата, кој отиде кај Хоселу.

Мароканецот сезонава настапи на шест натпревари, но најмногу од клупата, бидејќи на теренот мина 126 минути, постигнувајќи гол и додавајќи една асистенција.