Фудбал
Узбуна во Ливерпул, повреден е и Трент!

Нова повреда во Ливерпул – Трент Александер-Арнолд мора да паузира неколку недели!
Десниот бек на Ливерпул заработи повреда на коленото на натпреварот против Арсенал, а од клубот најавија дека ќе мора да паузира неколку недели.
Ова значи дека ТАА ќе го пропушти полуфиналниот двомеч во Лига купот со Фулам на 10 и 24 јануари, како и патувањето во Бурнмаут на 21 јануари, а исто така е сомнеж и за дербито на Челзи на 31 јануари.
После тоа, на 4 февруари на „Емирати“ ќе има уште едно дерби со Арсенал, па останува да се види дали ТАА ќе се опорави пред важните дерби во борбата за титулата во Премиер лигата.
Инаку, ова е голем проблем за Јирген Клоп бидејќи Енди Робертсон и Цимикас се повредени, а Мохамед Салах и Ватару Ендо нема да играат додека се во Кан и Азискиот куп.
Добрата вест е што Доминик Собослај не е сериозно повреден и дека наскоро би можел да се врати на терените.