Connect with us

Други спортови

Вардар загуби од Мотор Запорожје со 32:31

Ракометарите на Вардар уште на првото гостување во новата сезона од СЕХА лигата, го претрпеа првиот пораз. „Црвено-црните“ попладнево загубија на гостувањето кај украински Мотор Запорожје со 32:31.

Бранителот на трофејот во регионалното натпреварување имаше голема шанса да се спаси од пораз, но хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ промаши пенал на крајот на мечот.

Најефикасен во составот на македонскиот шампион беше Тимур Дибиров со шест погодоци.

Вардар по две кола има една победа и еден пораз, Мотор има две победи и е лидар на табелата во А-групата.