Connect with us

Други спортови

Венгер си најде нова работа

Арсен Венгер најавуваше често дека се враќа на својата прва љубов, тренерската работа, но најверојатно тоа нема да биде дел од неговиот следен ангажман.

Како што јавуваат англиските медиуми, францускиот стратег ќе биде дел од инстанците на ФИФА, дел од управата на оваа фудбалска куќа.

Неговата работа ќе биде со предлози да се подобруваат стандардите за тренирање ширум светот, а тоа ќе го прави низ разни работи.

Венгер по заминувањето од Арсенал, понекогаш беше стручен аналитичар на Беин Спорт, но немаше тренерски ангажман.

Тој имаше голема желба да се врати повторно како тренер, но тоа засега е се уште „ад-акта“.

Извор: Нетпрес