Connect with us

Фудбал

Вернер и официјално е на позајмица во Тотенхем

Сега е и официјално – Тимо Вернер ќе ја продолжи сезоната на позајмица во Тотенхем.

Тотенхем и Лајпциг ги договорија сите детали околу позајмицата на Тим Вернер која ќе важи до крајот на сезоната.

Договорот вклучува опција за откуп на договорот на крајот на сезоната.

„Разговарав со менаџерот Поштекоглу, тоа беше добар разговор. После тоа веднаш имав чувство дека морам да се приклучам на клубот, го почувствував она што сакам да го почувствувам кога разговарам со тренерот. Исто така, мислам дека неговата тактика и стил ми одговараат“, изјави Вернер.

„Една од моите добри страни е тоа што можам да играм на секоја позиција во нападот. Се надевам дека ќе бидам најдобриот можен играч“, додаде Вернер.

Вернер знае што значи да се игра во Премиер лигата бидејќи го носеше дресот на Челзи од 2020 до 2022 година.