Connect with us

Други спортови

„Верстапен е најдобриот возач во историјата на Формула 1“

Герхард Бергер, поранешниот возач на Ферари во Формула 1, не се сомнева кој е најдобриот на сите времиња во најбрзиот вагон.

Австриецот во преден план го стави актуелниот светски шампион Макс Верстапен.

„Тој ја има оваа неверојатна способност да го избере вистинскиот момент за претекнување. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон“, изјави Бергер.

На пофалбите за Холанѓанецот им немаше крај.

„Макс е секогаш на вистинското место во вистинско време. На стартот, во првиот свиок, во дуел. Никој не го прави тоа подобро од него. Затоа мислам дека тој е најдобриот кој некогаш ја возел формулата“, вели Бергер.

Верстапен досега има остварено 61 победа во кариерата и има три светски шампионски титули со добри шанси да освои четврта. Сепак, тој е се уште далеку од Хамилтон и Шумахер по бројот на вкупни победи и титули, кои освоија по седум пехари посветени на најдобриот генерален пласман.