Фудбал
Вертонген не сака во ПСЖ: Очекувам нов договор
Белгискиот фудбалер Јан Вертонген изјави дека очекува Тотенхем да го продолжи договорот со него.
Вертонген за петлите настапува од 2012 година, а и покрај тоа што бројни медиумите во последниве неколку месеци го преселиа во ПСЖ, неговата желба е да остане во Тотенхем. Toа го потврди во интервју за медиумите на островот.
“Договорот истекува на крајот од сезоната, но клубот има можност да ја продолжи соработката на уште една година. Се надевам дека ќе го искористи тоа. Ќе видиме”, рече Вертонген.
Меѓу играчите на Тотенхем, кој му истекува договорот е и Тоби Алдервирелд, но за разлика од Вертонген, наводно, сака да ја промена животната средина.
Тотенхем во Премиер Лигата по првите четири кола се наоѓа на петтата позиција со девет поени.