Фудбал
ВИДЕО: Нејмар усреќи расплакано дете кое долго ќе го памети овој ден
Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар денес направи навистина одличен потег и тоа покрај теренот.
Додека се движеше покрај аут-линијата во дуелот против Ним, едно дете покрај обезбедувањето истрча на теренот и се фрли во прегратката на Бразилецот.
Нејмар го фати одушевеното дете во рацете и го подигна, а неговиот потег беше награден со големи аплаузи и овации од трибините.
Како награда, расплаканото дете доби дрес за подарок, а интересно е тоа што на теренот истрча во дресот на Франција и тоа со името на Мбапе.
Навистина фанатичен гест на бразилецот кој публиката знаеше да го поздрави.
This is absolutely wonderful from Neymar – the kid is in tears of joy. pic.twitter.com/GuLYNjzSj5
— Get French Football News (@GFFN) September 1, 2018