Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Рашфорд се извини за исклучувањето на средбата со Барнли

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се извини за добиениот црвен картон на натпреварот од 4.коло во шампионатот на Англија против Барнли.

Јунајтед победи со 2:0, а Рашфорд беше исклучен во 71.минута по удирањето со глава на Фил Бардсли.

– Емоциите ме совладаа, не требаше да реагирам на тој начин. Им се извинувам на сите во клубот и на навивачите, напиша Рашфорд на Твитер.

20-годишниот Рашфорд го очекува суспензија од страна на англиската федерација (ФА).