Фудбал
Високите цени си го прават своето, ФК Вардар ќе игра во Маџари
Шампионот како домаќин ќе игра во населбата Маџари. Стадионот „Борис Трајковски” ќе биде новиот бастион на „црвено-црните”, кои се селат од Арената, поради високите цени за изнајмување.
Дневен термин за натпреварите од домашното првенство чинат 3 илјади евра со ДДВ, а ноќен термин е двојно поскап.
Вардарци реагираа на високите цени, пред се за европските мечеви, но тука немаат избор, бидејќи само националната арена ги има сите услови за натпреварите под капата на УЕФА.