Фудбал
Во Аргентина побуна поради одлуката на сојузот да ја заштити десетката на Меси
На Серхио Ромеро не му е јасно зошто Аргентинскиот фудбалски сојуз го заштити дресот со број 10.
Аргентинците не го паметат по подобро Светско првенство во Русија, а привремениот селектор Лајонел Скалони на располагање има доста изменета екипа. Многу од искусните играчи се повлекоа, а меѓу нив е и Лајонел Меси.
Јасно е дека тој е главниот играч во Аргентина, а фудбалскиот сојуз одлучил на никој да не му го додели дресот со број 10, со надеж дека ѕвездата на Барселона сепак ќе се предомисли.
На голманот на аргентинската репрезентација и на Манчестер Јунајтед- Серхио Ромеро ни малку не му се допаѓа овој потег.
„Дресот со бројот 10 секогаш се користеше. Не разбирам зошто и сега да не се користи? Не сум прашал, но немав поим дека тој број нема да се користи. Секогаш беше достапен, но очигледно дека сега поради некои причини, нема да биде користен.“ изјавил Ромеро.
„Ако се врати Лео, нормално дека тој е сопственик на бројот 10 и капитенската лента, во тоа никој не се сомнева. Но, доколку го него нема, не гледам зошто некој не би облекол дрес со бројот 10.“ порача искусниот голман, кој го пропушти Мундијалот.