Connect with us

Фудбал

Во Франција е покрената истрага за даночна измама околу трансферот на Нејмар во ПСЖ

Властите во Франција покренаа истрага за наводен случај на даночна измама во кој е вмешан поранешен потпретседател на француското собрание, кој успеал да маневрира така што ПСЖ добил даночни предности со плаќањето на сумата од 222 милиони евра на Барселона за потписот на Нејмар во 2017 година.

„DIARIO AS“ информира дека истражителите имаат телефонски разговори меѓу поранешниот потпретседател на собранието Хуго Ренсон од претседателската партија на Емануел Макрон и поранешниот директор за комуникации на ПСЖ Жан-Марсијал Рибес.

Од овие разговори може да се заклучи дека Ренсон маневрирал за клубот да плати помал данок за трансферот кој и понатаму е најголем во историјата на фудбалот. За возврат, поранешниот пратеник доби билети за Паркот на принцовите и други поволности.

Трансферот на Нејмар во францускиот гигант и сумата од 222 милиони тогаш дефинитивно го шокираше фудбалскиот свет. Бразилецот помина 6 години во Париз, а летото 2023 година замина во Саудиска Арабија и гигантот Ал-Хилал.