Connect with us

Тајмаут

Во тепачка на фудбалски терен загина 15-годишно момче

15-годишно момче е убиено на фудбалски терен во Парагвај при тепачка кога противнички играч го удрил со нога во глава.

Исмаил Домингез го одигра првиот натпревар за Клуб Национал во сојузната лига до 15 години, а на крајот од натпреварот настана тепачка.

Според тренерот на Клуб Национал, Леонардо Вито, Домингез бил нападнат од зад грб.

„Додека беше со мене, некој го удри со копачка во задниот дел од главата“, изјави Леонардо Вито.

Тренерот додаде дека додека момчето лежело неподвижно на земја, добило уште два-три удари.

Неутешниот татко на починатото момче Исидоро истакна дека „Исмаил бил најдобриот ученик и дека сонувал еден ден да го облече дресот на Пари Сен Жермен“.