Connect with us

Ракомет

Волф стана најскап ракометар на светот

Голманот на германската ракометна репрезентација Андреас Волф (26 години) стана најскапиот ракометар на светот, откако полскиот тим Киелце за сума од околу три милиони евра го откупи од бундеслигашот Кил.

Европскиот првак од 2016 година ја плати сумата за обештетување, а Волф ќе биде и најплатениот играч со годишни примања од еден милион евра.

Досега рекордер, според примањата, беше Французинот Никола Карабатиќ со двојно помали приходи од Волф, а со овој трансфер е надмината и сумата од 1,8 милиони евра за која францускиот ракометар премина од Барселона во ПСЖ .

Волф со Кил имаше договор до 2019 година, но тој следната сезона ќе застане на голот на полскиот тим.

Волф на последното Европско првенство во 2016 година во Полска, беше прогласен за најдобар голман на шампионатот, кога неговата репрезентација го освои златниот медал, додека од Олимписките игри во Рио е освојувач на бронзен медал.