Connect with us

Други спортови

Возниацки ја спречи Пављученкова да ја одбрани титулата во Токио, 26та титула за Возниацки, прва за 2017

Каролина Возниацки ја освои првата титула за 2017 година откако во финалето на турнирот во Токио ја победи Анастасија Пављученкова со 2-0 во сетови (6:0 и 7:5). Ова за Возниацки беше седмо финале во оваа година, а претходните шест ги загуби. Таа воедно ја спречи нејзината конкурентка во финалето да го одбрани трофејот освоен лани.

За Возниацки ова беше 26.та титула на ВТА турнир, 21.ва на хардкорт подлога. Таа воедно е четврта по ранг од активните тенисерки по бројот на титули (повеќе имаат Серена Вилијамс, Венус Вилијамс и Марија Шарапова).

Возниацки во полуфиналето беше поуспешна и од најдобрата светска тенисерка во моментов Гарбине Мугуруза.