Фудбал
Запата ја заврши сезоната

Дуван Запата, фудбалер на Торино, ја заврши сезоната поради повреда на коленото.
Репрезентативецот на Колумбија беше изнесен од теренот во 84. минута од натпреварот против Интер во Серија А.
„Прегледите во кои беше вклучен Дуван Запата покажаа повреда на предните вкрстени лигаменти, медијалниот менискус и страничниот менискус. Сите во клубот се надеваат дека што поскоро ќе го видат на теренот во дресот на националниот тим“, се вели во соопштението на Торино.
Италијанските медиуми објавија дека Запата ќе биде надвор од терените најмалку седум месеци, што значи дека би можел да се врати дури во мај следната година.
Колумбиецот пристигна во Торино во септември минатата година и за тоа време одигра 45 натпревари и постигна 16 голови.