Фудбал
Засилување за Наполи од Астон Вила!

Бранителот на титулата во Серија А, тимот на Наполи, се засили за продолжението на сезоната во овој јануарски преоден рок.
Имаше проблеми во средниот ред, а на крајот решение најдоа во белгискиот фудбалер Леандер Дендонкер.
Станува збор за играч на Астон Вила кој оваа сезона одигра 15 натпревари за Астон Вила, но не е во преден план во остатокот од сезоната, па беше одлучено да замине на позајмица во подножјето на Везув.
Наполи е деветти во Серија А, нема ништо од титулата оваа сезона и тоа на сите им е јасно, но тимот ќе се обиде да стигне барем до некое европско натпреварување…
Дендонкер е репрезентативец на Белгија, а настапуваше за Андерлехт, Волвс и Астон Вила каде е од 2022 година.
Се работи за позајмица до крајот на сезоната.