Connect with us

Други спортови

Земјотрес во Формула 1 и Макс Верстапен во епицентарот!

Холанѓанецот е незадоволен од начинот на кој се развива проектот Ред Бул.

Холандскиот возач Макс Верстапен ја остави отворена опцијата да го напушти Ред Бул во наредните години.

Светскиот шампион моментално не успева да доминира на начинот на кој тоа го правеше во претходните две сезони, ниту на стартот од актуелната, а за се ја обвинува болидот за кој е убеден дека не е на претходното и натпреварувачко ниво.

Својата последна победа Макс ја постигна на 23-ти јуни во феноменалната трка која се возеше во Каталунија и оттогаш само двапати се најде на подиумот и тоа како третопласиран. Заминувањето на врвниот инженер Адријан Њуи од Ред Бул во Астон Мартин навестува сличен пат за холандската суперѕвезда.

Имено, првиот човек на Астон Мартин, Лоренс Строл не штеди пари и енергија да ја донесе првата титула меѓу „зелените“. Строл верува дека врската на Њуи со Макс би можела да помогне, а тоа го потврдуваат и зборовите на шефот на тимот Мајк Крек.

„Кога ќе успеете да го потпишете Адријан Њуи, тоа е доказ дека вашиот проект е веродостоен. Дека целата визија на Строл не се само зборови, туку дела на кои можете да ни верувате“, рече Крек.

Таму доаѓаме и до договорот на Макс со Ред Бул кој е до 2028 година, но има неколку клаузули кои би можеле да му овозможат да си замине порано. Конкретно, 2026 година е нешто што Астон Мартин го цели, бидејќи тогаш истекуваат договорите на двајцата актуелни возачи, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, а и двајцата имаат можност за продолжување.

Во секој случај, Макс изгледа размислува за заминување и тоа сега стои како јавна тајна во светот на Формула 1. По преселбата на Луис Хамилтон во Ферари, тој дефинитивно би предизвикал апсолутен земјотрес во „најбрзиот циркус на светот“.

Верстапен му се приклучи на Ред Бул во 2016 година и е трикратен последователен светски шампион во Формула 1.