Connect with us

Фудбал

Жирона излажа, Барса нема да ја пропушти оваа цена?

За време на зимскиот преоден рок би можеле да работат и фудбалските клубови Барселона и Жирона.

Како што е познато, капитенот на Жирона, Алеис Гарсија е на мета на Барселона како замена за повредениот Гави, но како и секогаш, финансискиот фер-плеј е проблем за Каталонците.

Жирона првично објави дека клаузулата на Гарсија е 20 милиони евра, но се покажа дека е само 12 милиони евра. Слично се случи ова лето, кога извори од Жирона побараа 10 милиони за Ориол Ромеу, подоцна клаузулата беше двојно помала – пет милиони, а на крајот Барса го донесе последниот играч за врска за 3,4 милиони.

Барса ќе сака да го искористи ова „намалување“, но и фактот што Гарсија неодамна јавно кажа дека трансфер во тимот на Чави би бил остварување на сонот.

Гарсија има 26 години, но својот потенцијал го покажа само во изминатите две сезони со Мичел, поради што дебитираше за шпанската репрезентација.

Тој е класичен централен играч за врска, многу е ефикасен, оваа сезона постигна три гола и забележа четири асистенции.

Дали е тој решението на Барса во зимскиот преоден рок, додека Гави не се опорави?