Фудбал
Зимски трансфер е кога ќе го одбиеш Баерн, повеќе пари и одиш во Премиер лига!

Раду Драгушин ќе стане нов член на Тотенхем, иако во последен момент Баерн Минхен се обиде да го одземе.
Неговиот агент денеска откри како поминале последните 24 часа и како Романецот сепак го избрал Лондон наместо Минхен.
“Утрово во осум часот донесовме одлука. Бевме решени да одиме во Тотенхем, но понудата на Баерн пристигна на пат за Лондон. Бев на пат кон аеродромот кога добив повик и одговорив дека имаме да размислиме добро и да процениме. Баерн е еден од најголемите клубови во светот и не ми се верува дека го одбивме! Но, тоа беше наша одлука“, рече тој и продолжи:
„Седев со Раду и целото негово семејство, по што го известивме Баерн за нашата конечна одлука, дека ни се јавиле предоцна и дека е премногу тешко да се предомислиме. Можеби во иднина Драгушин всушност ќе игра за Баерн Минхен. Но , ова го сакаа Раду и неговото семејство и тој е многу среќен што оди во Тотенхем. Секако дека се двоумеше околу понудата на Баерн, не беше лесно да се пробие, но официјалната понуда стигна дури синоќа. Баерн понуди повеќе пари , но оцени дека ова е вистинскиот чекор за неговата кариера.Цела ноќ размислувавме, ги одмерувавме предностите и недостатоците и ова е најдобрата одлука.Го сакаа и Наполи и Милан, но тој не размислуваше за нив, бидејќи уште од мал сакаше да игра во Премиер лигата“, откри агентот на Драгушин, Флорин Манеа.
Генерално, Драгушин ќе биде второто засилување на Тотенхем оваа зима по Тим Вернер и може да се каже дека Постекоглу знае што сака, а Спарс ќе биде уште поинтересен за гледање во вториот дел од сезоната.