Connect with us

Фудбал

13. место на Милан не е единствената грижа – мора да мислат и на овој проблем…

Денеска  клуб од Сан Сиро го објави финансискиот извештај, во кој е наведено дека Милан за сезоната 2018/2019 е во минус од 148 милиони евра, најголем во 119-годишната историја на клубот, а до денес тој долг се зголеми на 156 милиони евра.

Иако плафонот на долгот може да биде 90 милиони евра, Милан го надмина за 66 милиони евра, јавуваат италијанските медиуми. Продажбата на играчи се намали од 42 на 25,5 милиони, од продажбата на билети од 35,2 на 34,1 милиони и од спонзорите од 44,7 на 38 милиони. Сепак, трошоците за вработените исто така се зголемија од 150,5 на 184,8 милиони евра, додека политиката за трансфер на клубот беше негативна. Милан потроши 153,1 на играчи, заработувајќи само 49,9 милиони евра.